Дома Фудбал Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сите во Англија. Единствениот кандидат кој може да ги спречи е Манчестер Сити и според сите изгледи, ќе гледаме двојна трка до крајот на сезоната.

Тимот на Артета е прилично засилен, Хинкапи е откупен, Зубименди, Џокерјеш, Мадуеке, Езе, сите се платени огромни суми пари, а вкупно Арсенал за последната година потроши 350 милиони евра за доведување играчи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Нуно Таварес е најголемата продажба од 6 милиони евра, во целост не собраа од продажби ни 15 милиони, што може да создаде проблеми со финансискиот фер-плеј.

И тоа е причината зошто ќе мора да дојде до продажби во Арсенал во текот на летниот трансфер период, и извесно е дека една ѕвезда од тимот ќе треба да го напушти клубот.

“Топџиите” ќе мора да попуштат, но не сакаат да се откажат од младите играчи кои вредат многу, како што се Луис-Скели или Енванери, но дури и нивната продажба нема да биде доволна да се помине УЕФА контрола.

Затоа изборот падна на ѕвездите во тимот, Габриел Мартинели или Мартин Одегард. Мартинели пристигна за само 7 милиони фунти, а неговата вредност сега е над 50 милиони евра и може да го засили некој од европските конкуренти. Одегард, од друга страна, е светска класа, многумина ќе кажат и најважен фудбалер на Арсенал, капитен, и доколку пристигне понуда тешка можеби дури и девет цифри, “топџиите” би морало да ја прифатат.

Хаверц исто така е во опција, додека Тросар и Жезус се играчи кои не можат да донесат огромни суми пари бидејќи договорот им истекува за година и пол.

Арсенал заработува многу, веројатно е клуб кој забележа најголем раст во Премиер лигата на финансиски план што се однесува до маркетинг активности и приходи од продажба на билети, но ќе мора да го регулира и пред УЕФА своето работење што се однесува до трансферите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси.

Сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас ја истакна потребата од спонзорски договори за тимо…