Дома Фудбал Реал остана без централен дефанзивец, им се придружи 19-годишен играч од младинскиот состав

Реал остана без централен дефанзивец, им се придружи 19-годишен играч од младинскиот состав

Рeaл Мадрид се соочува со сериозни предизвици во одбраната пред гостувањето кај Селта во Виго. Поради голем број на повреди и суспензии, тренерот има на располагање само еден здрав централен дефанзивец, што го принуди да побара решение во младинскиот состав. Сè укажува на тоа дека шансата ќе ја добие Ламини Фати, 19-годишен одбранбен играч кој би можел да го запише својот деби за првиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста беше потврдена овој четврток: Алаба нема да може да патува за Виго, а настапот на Асенсио е под знак прашање. Ова се дополнува на веќе познатите проблеми – oтсуството на Милитао, кој се очекува да се врати кон крајот на месецот, додека Хујсен е суспендиран поради пет жолти картони.

Единствениот потполно здрав стопер во првиот тим е Рудигер. Иако Асенсио се надева дека ќе игра од почеток, тој се уште се опоравува од повреда на вратот и не е сигурно дали може да издржи сите 90 минути. Проблемите ги има и во Кастилја, бидејќи се повредени два стандардни дефанзивци, Жоан Мартинез и Валдепенјас. Сето ова ги отвора вратите за Ламини Фати и неговата голема можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му го запалиле телото, го исекоа на парчиња и го растопија во киселина: „Лумумба“ ги затвори устите и испрати моќна порака (Видео)

Фудбалерите на ДР Конго имаа поддршка од нивниот познат фан, Мишел Мболадинга, кој отпатув…