Дома Останати Во Иран уништена и најголемата спортска сала, останаа само урнатини (Видео)

Во Иран уништена и најголемата спортска сала, останаа само урнатини (Видео)

Според достапните информации, во еден од нападите на Иран е уништена спортска сала со капацитет од околу 12.000 места, која се наоѓа како дел од комплексот. Оваа сала претходно имаше функција за разновидни спортски натпревари, вклучително кошарка, одбојка и други сала спортови.

Видео снимки споделени на социјалните медиуми ги прикажуваат срушените делови од покривот и густ чад што се шири околу погодениот дел од комплексот. На снимките е јасно дека конструкцијата на салата е сериозно ударена, а некои делови од објектот се целосно уништени.

Според извештаи од иранските медиуми, покрај самата сала, оштетени се и други објекти во околината, вклучувајќи одредени спортски содржини и помошни објекти во рамките на комплексот.

Спортскиот комплекс Азади е еден од најголемите спортски центри во Иран, каде што се наоѓа и стадионот Азади, еден од најголемите стадиони на Блискиот Исток.

Засега нема целосни информации за можни жртви или за точниот размер на вкупната штета, а ситуацијата дополнително се следи преку извештаи од локални и меѓународни медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спид истрча 100 метри за 10,35 пред Болт: Следна цел му се Олимписките игри!

Американскиот стример го воодушеви Јусеин Болт со неофицијален спринт, а зад неговиот напр…