Дома Останати Тенис Ѓоковиќ лансираше „сензација“ и со изјавата го потресе тенискиот свет

Ѓоковиќ лансираше „сензација“ и со изјавата го потресе тенискиот свет

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не само поради своите мајстории на теренот. За време на прес-конференцијата пред почетокот на Мастеркот во Индијан Велс, Ноле ја „запали“ тениската јавност со разговорот за враќањето на легендарната Серена Вилијамс!

Иако Американката официјално се „повлече“ (или како што таа вели, „еволуираше“ подалеку од тенисот) во 2022 година, веста дека повторно е во анти-допинг протоколот (ВАДА) предизвика тектонски потреси. Новак, кој ја почитува Серена, нема дилема – враќањето е само прашање на време.

На директното прашање од новинарите дали верува дека Серена повторно ќе заигра, Новак одговори на свој начин, со насмевка која наговестува дека можеби знае повеќе отколку што смее да каже:

„Дали се враќа? Дали е тоа воопшто прашање? Мислам дека се враќа. Не знам, не сум разговарал со неа, но чувството во воздухот е такво што се спрема за враќање. Каде и како, во сингл или во дубл, тоа не знаеме. Да сум на нејзино место, и јас би го сокрил“, разбуди Новак јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…