
Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња рече „не“ и не сака да го напушти ПСЖ.
Одличниот играч од средниот ред на ПСЖ, Витиња, го отфрли Реал Мадрид. 26-годишниот не планира да го напушти францускиот тим во текот на летото, и покрај огромните напори на кралскиот клуб да го донесе во своите редови.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Реал многу го посакува овој Португалец. Во Мадрид го гледаат како идеален играч кој ги поседува карактеристиките на Лука Модриќ и кој би го поврзал оваа сезона доста разнишаниот среден ред.
Кралевите беа подготвени да издвојат 100 милиони евра за неговите услуги. Сепак, Витиња не сака да си замине од ПСЖ и тоа јасно го изјави:
„Би било глупаво да си заминам. Сметам дека тоа не е најдобрата работа за мене”, изјави Витиња за „Канал 11“ и продолжува:
„Се чувствувам многу добро во ПСЖ. Чувствувам дека луѓето ме ценат и дека го заслужив тоа. Сакам да играм за ПСЖ, и моето семејство ужива во Париз. Имаме одличен тим и врвен тренер“, рече Витиња.