Дома Фудбал Овие клубови продале најмногу дресови: Се истакнува едно име

Овие клубови продале најмногу дресови: Се истакнува едно име

Најголемите шпански клубови го предводат списокот со приходи од продажба на спортска опрема и други производи за минатата година. Според податоците на “Transfermarkt”, Барселона пријави приходи од 277 милиони евра. Шампионот на Ла Лига, Реал Мадрид, е на второто место со 231 милион евра, а на третото место се наоѓа Баерн Минхен со 189 милиони евра.

Од десетте клуба со највисоки маркетинг приходи во светскиот фудбал за 2025 година, половина од нив доаѓаат од Премиер лигата, што се одразува и на составот на осмина финалето во Лигата на шампионите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед е прв меѓу англиските клубови, но на четвртото место, остварувајќи приходи од 172 милиони евра од продажба на дресови и други навивачки предмети со тимски обележја. На петото и шестото место се наоѓаат Арсенал и Ливерпул, со 151 односно 148 милиони евра. Тотенхем е на седмо место, со 102 милиони евра приходи.

Челси, светскиот клупски шампион, е на деветто место, зад Галатасарај. Клубот од Истанбул пријави приходи од 99 милиони евра, додека Лондонскиот клуб заработи 95 милиони, а топ 10 листата ја завршува актуелниот минатогодишен освојувач на Лигата на Шампионите: Париз Сен Жермен со 88 милиони евра приходи од маркетинг во 2025 година.

Баерн Минхен се наоѓа помеѓу шпанските гиганти и англиската елита. Лидерот на Бундеслигата минатата година оствари приходи од 189 милиони евра од продажба на спортска опрема и други предмети со обележја на баварскиот клуб.

Во однос на италијанските тимови, Серие А значително заостанува и во овој маркетинг сегмент. Прв е Милан (13-то место) со 68 милиони евра, следен од Јувентус на 15-то место (56 милиони), со малку предност пред Интер (55 милиони). Клубот од главниот град, Рома, е на 24-та позиција со 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На тренинг-центарот на ФФМ денеска се игра најголемото дерби сезонава во ПМФЛ!

Денешното 21. коло во ПМФЛ носи едно од најочекуваните дербија оваа сезона – Вардар против…