Дома Фудбал Видео: Холанѓаните го „запалија“ Манчестер!

Видео: Холанѓаните го „запалија“ Манчестер!

Вечерва со почеток во 20:45 часот на „Итихад“ во рамките од петото коло во Лигата на шампионите во групата „Ф“ ќе се сретнат лидерот Манчестер Сити и фенерџијата Фејенорд.

Холандскиот тим во првите четири кола не освои ниту еден бод, но очајниот настап во Европа не ја спречи армијата нивни навивачи да направат вистинска инвација на Манчестер.

Околу 4.000 навивачи на Фејенорд пристигнаа во дождливиот Манчестер. Холанѓаните запалија бакљи и останати пиротехнички средства, а иако се познати како едни од оние кои прават големи проблеми, не беше забележано големо присуство на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ѕерби има дилеми за Медисон и Галагер: Тотенхем повторно го мерка Гибс-Вајт

Морган Гибс-Вајт повторно е во трансфер-плановите на Тотенхем, додека Роберто де Ѕерби ја …