Дома Фудбал Како се храни Златан Ибрахимовиќ – јасно е зошто и на 45 години изгледа како Терминатор

Како се храни Златан Ибрахимовиќ – јасно е зошто и на 45 години изгледа како Терминатор

Златан Ибрахимовиќ се прости со фудбалот, се разбира, во смисла на играње. Солзите на збогувањето пред неколку години разбудија емоција кај секој вистински љубител на најважната споредна работа во светот. Во исто време, општото мислење е: „жалосно, Ибракадабра можеше да владее над Европа и светот уште неколку години, иако Швеѓанецот веќе има 45 години.“

На прв поглед може да изгледа дека веќе е длабоко во петтата декада од животот, но според телесната градба би рекле – младич! Како Златан Ибрахимовиќ ја одржуваше формата низ сите овие години, како така не подлегна на искушението на италијанските пици и тестенини? Еве го одговорот!

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ од години, па дури и децении, не го менуваше својот режим на храна, следејќи строги правила за тоа што никогаш не внесува во својот организам. Иако некој би помислил најпрвин на месо, Ибрахимовиќ не се откажува од оваа храна, консумирајќи претежно бело пилешко месо, а понекогаш во неговото мени се наоѓа и сушено говедско. Во него има исто така и овошје и зеленчук, а додека во Италија се јадат најдобрите пици и тестенини, тој јаде тестенини само за посебни прилики.

Ибрахимовиќ ги нарушува строгите правила само вон сезоната, во лето, кога се храни малку „понелиберално“, што е своевидна награда, а интересно е тоа што ако неговиот тим победи, си дозволува еден оброк што излегува од шаблонот. Сепак, дури и во такви ситуации, се внимава на количината и самите прехранбени производи.

Се разбира, не претерува со јаглехидратите, затоа што сака неговата тежина да биде меѓу 92 и 94 килограми. Тој ги следи советите на италијанските диетолози, кои му ги предложија за време на престојот во Јувентус, а тоа се осум бадеми на ден – тие се богати со магнезиум и здравствени масти, пишува „Дејли Мејл“.

Во минатото Швеѓанецот имал проблеми со луѓето што се занимаваат со исхраната во клубовите каде што играше, па според европските медиуми избувна скандал меѓу него и готвачот во Париз. Се тврди дека Златан „бурно реагирал“ поради недостатокот на свежо овошје и зеленчук во тренинг центарот, на што готвачот му одговорил дека не можат да си го дозволат поради ограничениот буџет за храна во клубот?! Ибрахимовиќ наводно не бил задоволен од тоа изговор, па го испратил готвачот да оди до локалната продавница за набавки.

„Изгледа дека секој Швеѓанец мери секој грам. Перфекционист“, пишуваше и италијанската „Гадзета дело Спорт“ во минатото и додаде дека Ибрахимовиќ бил многу незадоволен за време на престојот во ПСЖ, затоа што во клупското мени недостигале овошје и зеленчук, што се променило по неговото барање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…