Дома Фудбал Македонија Ѓорче Петров го доби Работнички, Тиквеш го прегази Арсими! (Видео)

Македонија Ѓорче Петров го доби Работнички, Тиквеш го прегази Арсими! (Видео)

Во 21. коло од Првата фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари полни со голови, а радоста ја вкусиле екипите на Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Работнички, кoj влезе во дуелот со две победи по ред, добро стартуваа и преку Талаков по 12 минути стигнаа до водство. Сепак, тоа беше нивниот единствен момент на среќа. Домаќините брзо преземаа иницијатива и во 38. минута преку Али Адем израмнија на 1-1, за во самиот финиш од првиот дел Стојчевски да донесе комплетен пресврт. Подобрата игра на „лавовите“ продолжи и во второто полувреме, а во 57. минута по еден несмасен потег на голманот Ондоа, Николиќ ја смести топката во мрежата за конечни 3-1.

На гости во Чегране, Тиквеш одигра уште поубедлив меч и со убедлив триумф од 5-0 си замина од теренот. Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога гостите трипати ја тресоа мрежата. Петте гола беа постигнати од различни играчи: Стојанов, Гуел, Лусианињо, Сила и Голубов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…