
Работнички се најде на работ од нов пораз во дуелот против Македонија Ѓорче Петров, а мечот остана забележан и по еден од најкомичните голови на македонските терени во последно време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот Крантове спокојно ја врати топката кон голманот Ондоа, но реакцијата на младиот чувар на мрежата беше катастрофална – топката му избега и заврши во сопствената мрежа, носејќи водство од 3-1 за домаќините.
Ондоа, кој во зимскиот преоден рок пристигна во Дебар Маало како големо засилување, е всушност братучед на познатиот камерунски голман, Андре Онана, но очигледно уште треба да се навикне на македонските терени.