Дома Фудбал Видал предизвика бура: ВАР е воведен за Реал веќе да не краде!

Видал предизвика бура: ВАР е воведен за Реал веќе да не краде!

Легендарниот чилеански фудбалер и поранешен играч на Јувентус, Баерн, Барселона, Интер и други, отворено го сподели своето мислење за Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро е познато неговото ривалство со Реал Мадрид, а на подкастот Enfocados тој призна дека понекогаш се чувствувал измамен по мечевите против тимот од Сантјаго Бернабеу.

Тој изјави дека ВАР е воведен исклучиво за да се спречат судиските неправди кои му одат во прилог на Реал.

“Да, се чувствував измамен од Реал Мадрид. На двапати во Лигата на шампионите со Баерн, еднаш во четврт-финалето и еднаш во полуфиналето, кога не нокаутираа,” рече Видал.

Искусниот играч за врска, кој денес настапува за чилеанскиот Коло-Коло, отиде дотолку далеку да ја стави под прашање регуларноста на фудбалот пред воведувањето на технологијата.

“ВАР беше воведен поради Реал Мадрид. Претходно едноставно имаше премногу измами,” изјави тој и додаде:

“Затоа го измислија ВАР, за да не се краде повеќе.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…