
Ракометарите на Вардар вчера во Скопје одиграа меч за паметење и со сигурна победа над Бенфика обезбедија место во четвртфиналето од Европската лига. Еден од клучните фактори за успехот беше голманот Милош Валах, кој повторно покажа зошто е меѓу најважните алки во тимот.
Во триумфот од 33-27, Влах запиша шест интервенции, а една од нив беше вистинска мајсторија – одбрани чист зицер и заслужено се најде меѓу најдобрите одбрани на колото во ова натпреварување на Европската ракометна федерација.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Со оваа победа, Вардар останува и во игра и за директен пласман меѓу осумте најдобри, но конечната разврска ќе зависи од исходот на гостувањето кај Мелсунген во Германија, каде „црвено-црните“ ќе ја бараат својата шанса за уште поголем успех.