
Додека сè уште се чека конечната одлука околу учеството на Иран во Светското фудбалско првенство, се појавија податоци за финансиската казна што оваа држава ќе ја издржи ако реши да го откаже настапот на Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Иранците размислуваат за откажување од Светското првенство, на кое најзаслужен домаќин ќе бидат Американците, држава која изврши воен напад на Иран минатата сабота.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Таџ, посочи дека е сè поизвесно откажувањето од Светското првенство. Во случај тоа да се оствари, на нивното место на Мундијалот може да настапи или Ирак, кој обезбеди интерконтинентален бараж и е меѓу најуспешните азиски тимови кои не се пласираа, или Обединетите Арапски Емирати, кои завршија во групата зад Иран.
Ако се оствари таквото откажување, Иранците ќе мора да платат казна на ФИФА. Правилата се строги и строго се поврзани со времето на откажувањето од учеството на Мундијалот.
Доколку Иран се откаже од настапот на Светското првенство во рамките на последниот месец пред почетокот на натпреварувањето, ќе мора да плати казна на ФИФА во износ од 642.000 долари, односно 535.000 евра.
Ако решат да се откажат порано, тогаш казната кон ФИФА ќе изнесува 276.000 долари.
Покрај финансиската казна, Фудбалската федерација на Иран би изгубила и најмалку 10,5 милиони долари (9,05 милиони евра) поради неучество во Мундијалот. За секоја репрезентација што учествува во групната фаза, ФИФА доделува 7,76 милиони евра и дополнителни 1,3 милиони евра за трошоци на подготовка.