
Американскиот претседател Доналд Трамп отворено зборуваше за прашањето на учеството на фудбалската репрезентација на Иран на претстојното Светско првенство во фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, овогодинешниот Мундијал првпат во историјата се одржува во три земји – САД, Канада и Мексико.
Додека продолжува конфликтот кој започна по нападите на Израел и САД врз Иран, медиумите се интересираат за ставот на Трамп за учеството на оваа земја на најголемиот спортски настан годинава.
„Не ми е важно дали Иран ќе учествува на Светското првенство во фудбал“, изјави Трамп за Политико и додаде:
„Мислам дека Иран е сериозно погодена земја. Тие работат на емисиите на издувни гасови“.
Да потсетиме, Иран беше една од првите земји кои го обезбедија своето учество на Светското првенство во фудбал.