Дома Фудбал Драматична сцена: Тенисери во ОАЕ избегаа од теренот откако слушнаа експлозии (Видео)

Драматична сцена: Тенисери во ОАЕ избегаа од теренот откако слушнаа експлозии (Видео)

Воениот конфликт помеѓу Израел и Америка против Иран, кој започна во саботата наутро, веќе има значителни последици врз спортските настани, бидејќи денес беше прекинат тенискиот турнир во Обединетите Арапски Емирати.

Иран врши ракетни напади врз американските воени бази во регионот, дел од кои се наоѓаат во Емиратите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Нападите започнаа среде натпреварот помеѓу Данило Остапенков и Мацуока Хајате, кои играа во финалето на квалификациите за Челинџер турнирот во Фуџаира.

Во тек на натпреварот се слушнаа експлозии, при што беше соборен ирански дрон. Играчите веднаш го напуштија теренот по упатствата од судијата.

Дронот беше пресретнат во близина на пристаништето Фуџаира, при што остатоците предизвикаа пожар во зона на нафтената индустрија.

„Одговорните служби во емиратот Фуџаира реагираа на пожарот кој утринава избувна во зоната на нафтената индустрија во Фуџаира (FOIZ). Пожарот беше предизвикан од падот на остатоците од успешно пресретнатиот дрон со системот за противвoздушна одбрана. Нема повредени, а пожарот е ставен под контрола и нормалните активности во тој регион продолжуваат“, се наведува во соопштението од властите на Фуџаира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на Реал веќе започна акција – ѕвезда на Ливерпул пристигнува во Мадрид

Флорентино Перез подготвува големи промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето по у…