Дома Останати Тенис Ѓоковиќ немаше среќа – доби лоши вести од Индијан Велс (Фото)

Ѓоковиќ немаше среќа – доби лоши вести од Индијан Велс (Фото)

Новак Ѓоковиќ немаше ич среќа со ждрепката за мастерсот во Индијан Велс! Неговиот прв ривал, како петкратен шампион кој е слободен на почетокот на овој турнир, ќе биде Камил Мајчржак (Полска) или Џовани Мпеши Перикар (Франција). Двајцата играчи се познати по бомбастични сервиси, особено Французинот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако ја помине таа пречка, може да наиде на Хуберт Хуркач (Полска) или Корентан Муте (Франција), а во осминафиналето на Џек Дрејпер (Британија) или Франциско Серундоло (Аргентина). Практично, Новак нема лесен противник до четвртфиналето.

А потоа и најтешкиот можен противник, ако Ѓоковиќ избори пласман во осумте најдобри, домашниот тенисер Тејлор Фриц. И на сето тоа, ако ждрепката биде пеколна, следи полуфинале со Карлос Алкараз… Ждрепката во Индијан Велс навистина беше немилосрдна кон Ноле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…