
Игор Тудор не го започна својот период на клупата на лондонскиот клуб на посакуваниот начин.
Хрватскиот стратег со “Спарс” доживеа два последователни порази во првенството – најпрвин од Арсенал, а потоа и од Фулам.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Тотенхем во моментот е само четири поени над 18. место кое води во Чемпионшип. Можното испаѓање во понизок ранг би значело сериозни последици и за самите фудбалери, бидејќи во нивните договори е вклучена клаузула за намалување на платите.
Според информациите од Дејвид Орнстин, огромно мнозинство од играчите на Тотенхем ќе добијат преполовување на платите доколку испаднат од Премиер лигата. Сопственикот на клубот, Даниел Леви, инсистирал на таков услов за да го заштити клубот од можни финансиски тешкотии.
„Ситуацијата е сложена, имаме многу предизвици и не можам да споделам ништо ново. Мораме да пронајдеме внатрешна сила. Им напоменав на играчите дека секогаш е важно што ќе направиш сам, што сакаш да бидеш. Потребна ни е повеќе личност, повеќе желба да делуваме, а не само да реагираме“, истакна Тудор.
Веќе во четврток, Тотенхем ги очекува нов тест, бидејќи во рамките на 29. коло на Премиер лигата ќе го пречека Кристал Палас на домашен терен.