
Језива сцена беше видена во Мадрид на натпреварот Реал – Гетафе. Антонио Рудигер брутално со колено во глава го удри играчот на Гетафе Рика, но остана без казна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жешко беше вечерва на Сантјаго Бернабеу на натпреварот Реал Мадрид – Гетафе. Видени беа неколку навистина брутални стартови во првото полувреме, а она што го направи Антонио Рудигер навистина беше језиво.
Германскиот дефанзивец направи неверојатен старт на дефанзивецот на гостите Рика. Овој лежеше на теренот по една интервенција, а потоа Рудигер без каква било потреба се пушта во интервенција.
Брутално го удри противникот со колено во глава. Судијата сметаше дека овој старт не е за казна и дека немало намера.
.Vaya putisimo asco da Rudiger, es un puto imbecil pic.twitter.com/rYIyhnVX6S
— Џеф (@JeffFcb14) 2 март, 2026