
Раководството на Манчестер Сити е подготвено да плати рекордна цена за да го доведат своето главно мета ова лето.
Откако беа активни на трансфер пазарот минатото лето, Манчестер Сити доведуваше играчи и за време на зимскиот преоден рок.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Така на Етихад пристигнаа Антоан Семењо од Борнемут и Марк Гуеји од Кристал Палас.
Двајцата додадоа дополнителен квалитет во тимот на Пеп Гвардиола, и помогнаа Манчестер Сити да се приближи до Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата.
Како што стојат работите, Манчестер Сити ќе продолжи со купувања и следното лето, а прва цел е нов десен бек.
Пеп Гвардиола јасно побара кого сака да доведе, а управата на клубот му го одобрила тоа. Станува збор за десниот бек на Њукасл, Тино Ливраменто.
Манчестер Сити „флертува“ со Ливраменто уште од минатото лето откако беа импресионирани од неговите одлични игри.
Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума за Ливраменто, а моменталниот договор со Њукасл го врзува до 2028 година.
Светскиот рекорд платен за бек е премин на Ахраф Хакими од Интер во ПСЖ вреден 70 милиони евра во 2021 година.
Њукасл за својот бек бара 80 милиони евра и тоа би бил најскапо платен бек во историјата на фудбалот, се разбира ако до трансферот дојде.