
Шкендија успеа да слави со 2-1 против Пелистер во 20. коло од Првата лига и да ја намали негативата зад Вардар на четири бодови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Битолчани успеаја да поведат со погодокот на Стефан Спировски во првото полувреме, но Шкендија го возврати ударот и Бесарт Ибраими израмни на 1-1.
Двете екипи се закануваа и во второто полувреме, но Шкендија погоди по вторпат, и тоа преку Ибраими за конечни 2-1.
Вардар останува лидер со 52 бодови, по што следи Шкендија со 48 поени, а трета е Струга со 43 бода.