Дома Останати Кошарка Поради војната одложен натпревар и на Партизан, многу кошаркари не можат да се вратат во Европа

Поради војната одложен натпревар и на Партизан, многу кошаркари не можат да се вратат во Европа

Конфликтот помеѓу Израел и Иран, во кој се вклучени и Соединетите Американски Држави, ќе предизвика сериозни последици и во спортскиот свет, и тоа ќе влијае и врз Евролигата.

Денеска зборуваше претседателот на КК Партизан Остоја Мијаловиќ, кој соопшти дека натпреварот на Црно-белите со тимот на Дубаи ќе биде одложен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот беше планиран да се одржи во четврток во Белград, но сега е јасно дека екипата на Дубаи нема да може да пристигне до српскиот главен град.

Според информациите на Мијаловиќ, во Дубаи се наоѓаат 14 играчи од Евролигата, како и тренерот на Фенербахче, Шаруна Јасикевичијус. Исто така обелодени дека во Дубаи се и тројца кошаркари на Партизан.

Станува збор за Дилан Осетковски, Дуане Вашингтон и Шејк Милтон.

“Тројцата наши играчи заминаа на одмор во Дубаи, како и многу други луѓе кои во последните 10-15 години го сметаат Дубаи за одлично место за одмор и забава. Отидоа и тоа е нивно право, не може да добиваат препораки каде да одат или не”, започна Мијаловиќ објаснува за актуелната ситуација.

“Во овој момент, според нашите информации, во Дубаи се наоѓаат 14 играчи од Евролигата и еден тренер, Шаруна Јасикевичијус. Нашите тројца играчи се во постојан контакт со членовите од клубот. Во безбедност се и сакам да се заблагодарам на КК Дубаи кој им овозможи да тренираат додека се таму. Тие нема да патуваат за Белград ни денес ни утре, така што натпреварот против Дубаи дефинитивно ќе биде одложен”, потврди претседателот на Партизан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Заврши лигашкиот дел во НБА: Ова се паровите за нокаут фазата!

Со завршувањето на 82-то коло во најсилната кошаркарска лига НБА, веќе се познати сите пар…