Дома Фудбал На денешен ден пред 24 години беше постигнат еден од најпознатите голови во Премиер лигата (Видео)

На денешен ден пред 24 години беше постигнат еден од најпознатите голови во Премиер лигата (Видео)

Холандскиот фудбалски мајстор, Денис Бергкамп, изгради кариера полна со извонредни голови. Од Светското првенство и неговата генијалност против Аргентина, до легендарните натпревари во Арсенал.

И токму во Арсенал постигна гол кој многумина го сметаат и за еден од најдобрите во Премиер лигата..

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред точно 24 години, се одигра натпревар на „Сент Џејмс Парк“ каде домашниот Њукасл го пречека Арсенал. Еден од најголемите холандски фудбалери во сите времиња ја примаше топката од Роберт Пирес, со маестрален потег го надитри одбранбениот играч Никос Дабизас кој се најде на тревата, потоа со рутина го совлада Шеј Гивен.

Големината на овој гол најдобро е илустрирана преку изјавата на тогашниот тренер на Њукасл, покојниот Сер Боби Робсон.

“Никој во мојот тим не може да биде виновен за тоа што Бергкамп изведе уникатно изненадување”, изјави тој фалејќи ја тогашната ѕвезда на Арсенал. .

“Неверојатен гол. Чест ни е што можевме да го видиме во живо. Ретко ќе видите ваков гол”, додаде тој.

Бергкамп низ својата кариера се одликуваше со извонредна техника, визија и способност за создавање шанси. Во репрезентативната кариера за Холандија одигра 79 натпревари постигнувајќи 37 голови. Настапуваше на три Европски првенства (1992, 1996, 2000) и два Светски првенства (1994, 1998).

Бергкамп е вклучен во листата ФИФА 100, англиската фудбалска Куќа на славните и во Куќата на славните на Премиер лигата, потврдувајќи го својот статус како еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе не им верува на докторите во Реал, го напуштил Мадрид!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го напушти Мадрид и отпатува за Франција. Според …