
Според медиумите во Иран, викендот се случи напад на спортска сала во градот Ламерд, на југот од земјата, во кој загинаа 20 млади одбојкарки, а над 100 лица беа повредени.
Веста првично ја објави телевизискиот канал “Al Mayadeen”, повикувајќи се на локални извори, а подоцна потврдена и од други медиуми.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Нападот се случил во провинцијата Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите имало и деца кои во моментот на ударот се наоѓале во салата. Првичните извештаи зборуваа за над 15 загинати, но подоцна бројот на жртвите се зголемил.
По повод овој трагичен настан, реагираше и Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB), изразувајќи длабока загриженост и осуда за загубата на младите спортистки.
Во изјавата се вели дека FIVB е “шокиран и изразито загрижен од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран го изгубиле животот поради влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток и пошироко”.
“Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и сите кои се погодени од оваа криза што се развива”, нагласено е во изјавата.
Дополнително се вели дека десетици илјади членови на одбојкарската заедница во регионот се раселени и соочени со неизвесна иднина.
🚨🇮🇷🇮🇱🇺🇸 BREAKING: ISRAEL BOMBED 20 volleyball players in a sports hall in Iran. pic.twitter.com/rpRljG1cWu
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) February 28, 2026