
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се согласуваат дека Мајкл Карик заслужува да остане тренер на тимот по значителното подобрување во перформансите откако го презеде раководството од Рубен Аморим.
Откако го зеде кормилото, поранешниот играч на Црвените Ѓаволи и англиски репрезентативец, водеше тимот до шест непоразени натпревари, при што оствари пет победи и една нерешена средба. Карик беше назначен за привремен тренер до крајот на сезоната, кога управата на “Олд Трафорд” ќе донесе одлука за постојан наследник. Сепак, според англиските медиуми, клучни играчи како Бруно Фернандеш, Хари Мегваер и Лук Шо се импресионирани од неговата тактичка визија и фудбалско знаење.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Извори блиски до клубот, цитирани од “Сан”, ја откриваат вкупната ситуација во тимот.
– Мајкл Карик дојде и направи феноменална работа, донесувајќи свежина во тимот – изјави еден од нив, и додаде:
– Некои играчи веќе го предвидуваа ова, бидејќи играњето под Аморим беше како партија шах. Требаше точно да ги следат неговите инструкции, додека Мајкл им даде слобода да изразат свои квалитети.
Истиот извор додаде дека знаењето на Карик предизвикува восхит.
– Она што навистина ги остварува е неговото разбирање на играта. Ги познава играчите и од други лиги и очигледно посветува многу време на анализа и следење на фудбалските трендови. Играчите сфаќаат дека одлуката не е нивна, но би биле среќни доколку тој остане постојан тренер.
Според кладилниците на островот, Мајкл Карик е главен фаворит за да ја почне следната сезона како тренер на Манчестер Јунајтед. Иако, имиња како Оливер Гласнер, актуелниот тренер на Кристал Палас, и поранешниот селектор на Англија, Гарет Саутгејт, исто така се споменуваат како потенцијални кандидати.