Дома Фудбал „На врвот сме, но да не летаме високо поради третото место“

„На врвот сме, но да не летаме високо поради третото место“

Манчестер Јунајтед продолжува со својот забележителен напредок под водството на Мајкл Керик, забележувајќи уште една важна победа. Црвените ѓаволи го совладаа Кристал Палас со резултат 2:1, што им овозможи да се искачат на третата позиција во табелата на Премиер лигата.

Сепак, тренерот предупреди дека екипата не треба да се занесе поради овој успех и ги пофали играчите за карактерот и пресвртот кој го покажаа за време на натпреварот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


– На полувремето разговаравме со момците за позицијата во која се наоѓаме, како да реагираме и да покажеме индивидуалност и верба. Фудбалот понекогаш знае да биде тежок, а оваа лига е исклучително барана, па не секогаш сè оди лесно. Но, да се вратиме на таков начин и да го свртиме натпреварот во наша корист е најголемото нешто кое го носам од денешниот ден – изјави Керик.

Потоа се осврна на искачувањето на екипата на третата позиција на табелата.

– Во моментов тоа нема многу значење. Убаво е и сакаме да продолжиме да напредуваме. Се справивме со рано примен гол и правилно одговоривме, но не смееме да се заборавиме – заклучи стратегот на Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве кој би можел да го замени Иран на Светското првенство!

Претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Тај, ја отвори можноста за нивно по…