
Новак Ѓоковиќ речиси идеално ја започна новата сезона и малку недостигаше за 11. пат да биде крунисан на Австралија Опен, а на првиот турнир по Мелбурн, во Индијан Велс, би можел да дојде до уште еден многу значаен рекорд кој би го презел од Роџер Федерер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако го совлада Јаник Синер со 3:2 во сетови во полуфиналето, Новак беше поразен со 3:1 во борбата за титулата на првиот Гренд слем во сезоната. Следуваше за него пауза и прескокнување на турнирите на Блискиот Исток каде што обично играше во февруари, но преку неколку дена повторно ќе го гледаме на теренот.
Протече негова слика од Мастерсот во Индијан Велс, иако самиот не го потврди учеството на тој турнир. Но, дефинитивно е во Калифорнија и се подготвува за голем предизвик.
Минатата сезона испадна веднаш по првиот натпревар, а сега доколку го освои ова натпреварување, тоа би му била шестата титула во “тенискиот рај”, и би се одвоил од Федерер кој би останал на пет трофеи на тоа натпреварување.
Последен пат Ѓоковиќ ја крена шолјата во Индијан Велс пред 10 години, а и сега тоа ќе биде тежок предизвик поради тоа што се пријавиле и Карлос Алкараз и Јаник Синер.