Дома Останати Кошарка Дончиќ и Леброн го совладаа Голден Стејт Вориорс (Видео)

Дончиќ и Леброн го совладаа Голден Стејт Вориорс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс лесно ги победија Голден Стејт Вориорс гостувајќи со 129:101, во рамките на НБА-лигата.

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ доминираше на натпреварот, постигнувајќи 26 поени со шест скокови и осум асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лејкерс го диктираа ритамот на натпреварот и го контролираа текот. Веќе по првата четвртина го постигнаа двоцифрено водство +13 (33:20), а до крајот разликата само растеше до конечните +28 (129:101).

Освен Дончиќ, одличен беше и Леброн Џејмс со 22 поени, седум скокови и девет асистенции, а екипата од Лос Анџелес имаше уште тројца кошаркари со двоцифрен број поени – Остин Ривс со 18, Лук Кенард со 16 и Џејк Ларавија со 15 поени.

Голден Стејт Вориорс играа без Стеф Кари, Џими Батлер и Кристапс Порзингис.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Заврши лигашкиот дел во НБА: Ова се паровите за нокаут фазата!

Со завршувањето на 82-то коло во најсилната кошаркарска лига НБА, веќе се познати сите пар…