Дома Фудбал Барселона веќе има подготвена замена за Ханси Флик: „Нема да ви го кажам името, но работи во…“

Барселона веќе има подготвена замена за Ханси Флик: „Нема да ви го кажам името, но работи во…“

Кандидатот за претседател на Барселона, Шави Вилахоана, е подготвен да доведе нов тренер во клубот. Ханси Флик најави дека ќе си замине ако Жоан Лапорта не освои нов мандат, но за другите кандидати има доволно добри тренери кои можат да го наследат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вилахоана, кој не е сериозна закана за Лапорта, на клупата на каталонскиот гигант го сака Сеск Фабрегас.

Иако неговото име не го спомена, на сите им е јасно дека неговата изјава се однесуваше на феноменалниот стручњак кој со екипата Кома постигнува одлични резултати.

„Ако Флик одлучи да си оди, веќе знам кој ќе биде замената. Тоа е тренер кој во моментов работи во Италија. Нема јавно да кажам кој е поради договорот кој го има“, изјави Вилахоана.

38-годишниот Фабрегас е на клупата на Кома од летото 2024. Со овој тим постигнува навистина врвни резултати и е вистински хит во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разговорите со Мануел Нојер продолжуваат, објавија од Баерн

Преговорите помеѓу Баерн Минхен и Мануел Нојер за евентуалното продолжување на останувањет…