Дома Фудбал Се подготвува вистински спектакл: Познат фаворитот за освојување на Лигата на шампионите

Се подготвува вистински спектакл: Познат фаворитот за освојување на Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес го изврши ждребот за завршницата на Лигата на шампионите, а по ждребот најголеми шанси за освојување на елитниот трофеј во клупскиот фудбал има лондонскиот Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата на Арсенал е првиот фаворит за победа во Лигата на шампионите оваа сезона. Статистиките и квотите се на страната на лондонскиот клуб, кому му се даваат дури 27.4 проценти шанси за освојување на првата титула европски шампион во историјата.

„Топчиите“ во осминафиналето за противник го имаат Баер од Леверкузен, четвртфиналето им носи дуел со победникот од натпреварот Бодо/Глимт – Спортинг Лисабон, додека во полуфиналето може да играат со Њукасл, Барселона, Атлетико и Тотенхем.

Тимот на Микел Артета е значително пред сите други по шансите за освојување на трофејот. Скоро двојно помали шанси има минхенскиот Баерн со 14.28 проценти.

Ливерпул има 12.83 проценти шанси, Манчестер Сити е на четвртото место со 10.79 проценти, а актуелниот европски шампион – францускиот ПСЖ, има само 4.64 проценти шанси да ја одбрани титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Робин ван Перси доби отказ

Робин ван Перси, некогашен напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, доби отказ од местото …