Дома Фудбал Парови за Лига Европа: Италијанско дерби за четвртфинале, Нотингем ќе патува во Данска!

Парови за Лига Европа: Италијанско дерби за четвртфинале, Нотингем ќе патува во Данска!

Денеска попладне беа извлечени паровите за осминафиналето на Лига Европа и се постави костурот до финалето во Истанбул на второто по квалитет натпреварување на УЕФА, а најголемо внимание ќе привлече италијанското дерби меѓу Болоња и Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Нион, жрепката одреди двата клуба од Апенинскиот полуостров да се сретнат лице в лице во борба за пласман во четвртфиналето, каде што ќе играат со победникот од дуелот помеѓу Лил и Астон Вила.

Во истиот дел од костурот се наоѓа и Нотингем Форест, кој по елиминацијата на Фенербахче ќе има релативно полесна задача против Митјиланд, со кого веќе се сретнал во текот на сезоната. Доколку ги победат, во полуфиналето ќе се соочат со подобриот од дуелот помеѓу Штутгарт и Порто.

И вториот дел од костурот носи многу неизвесност. Посебно внимание привлекува дуелот помеѓу Панатинаикос и Бетис, чии победници ќе се сретнат со тимот кој ќе биде подобар од натпреварот меѓу Ференцварош и Брага.

Од тој дел од жрепката ќе се сретнат победниците од последните два пара: Генк – Фрајбург и Селта – Лион.

Првите натпревари од осминафиналето на Лига Европа ќе се играат на 12 март, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Големото финале во Истанбул е закажано за 20 мај, кога ќе се дознае кој ќе ја зазеде тронот наместо Тотенхем.

Паровите за осминафиналето на Лига Европа:

Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Нотингем Форест – Митјиланд
Селта – Лион
Лил – Астон Вила

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против БиХ тргнува со еден дебитант!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Босна и Херцег…