Дома Останати Тенис Вакво нешто не се гледа секој ден: Српски тенисер победи без борба во последниот поен (Видео)

Вакво нешто не се гледа секој ден: Српски тенисер победи без борба во последниот поен (Видео)

На турнирот ATP 500 во Акапулко (Мексико), четвртфиналниот меч ќе биде запаметен по невообичаениот начин на кој српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ го совлада Теренс Атмане. Последниот поен заврши на контроверзен и редок начин.

Кецмановиќ убедливо го водеше својот противник со резултат 6:3 и 6:3 за да обезбеди место во полуфиналето на силниот турнир во Мексико. Но последниот поен беше нешто што ретко се видува во тенисот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Мечот заврши со казнениот поен. На меч-топка за Кецмановиќ, Атмане беше казнет за “прекорачување на времето”.

Поточно, Атмане не беше подготвен во предвиденото време за примање на сервисот на противникот и судијата го казни со губење на поенот. Поради тоа што тоа се случи на меч-топка, дуелот заврши на овој начин, а гледачите останаа во шок кога видоа што се случи.

За објаснување, “прекорачување на времето” обично се одредува на играчот кој сервира и го прекорачува временскиот лимит во подготовка за сервис. Во овој случај, се случи нешто поинакво и невидено, тоа е дека временскиот лимит го прекрши играчот кој прима сервис.

Играчот има максимум 25 секунди помеѓу поените за да го започне наредниот, ако не се работи за промена на страните или помеѓу два сета. Првото прекршување на правилото носи опомена, а второто губење на поен. Атмане веќе беше предупреден, па заслужено го загуби последниот поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Овој монструозен рекорд на Ѓоковиќ сите го посакуваат: Оваа сезона може да го сруши само Алкараз

Првиот тенисер во светот Карлос Алкараз повеќе од одлично ја започна сезоната, освојувајќи…