Дома Фудбал Најважниот дел од сезоната започнува, а Барселона е без еден клучен играч во средината

Најважниот дел од сезоната започнува, а Барселона е без еден клучен играч во средината

Барселона се соочува со сериозен проблем затоа што остана без Френки Де Јонг во исклучително важен период на сезоната. Холандскиот играч за врска се повреди на задниот мускул за време на тренинг и според првичните проценки ќе биде надвор од игра околу еден месец.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Френки Де Јонг ќе паузира отприлика четири недели, што значи дека нема да биде достапен за неколку клучни натпревари на домашната и европската сцена. Тој ќе ја пропушти осминафиналната фаза на Лигата на шампиони, каде Барселона ќе се соочи со Њукасл или Пари Сен Жермен, како и реваншот од полуфиналето на Купот на кралот против Атлетико Мадрид.

Дополнително, тој нема да игра ни на натпреварите во првенството против Виљареал, Атлетик Билбао и Севиља. Стручниот штаб сега треба да пронајде нови решенија во средината. Поголема улога може да добие младиот Марк Бернал, а исто така постои и можност Ерик Гарсија да биде префрлен на позицијата задниот играч за врска.

Добра вест за каталонскиот тим е враќањето на Пабло Гави на тренинзите, но неговото комплетно враќање во натпреварувачки ритам се очекува дури во втората половина на март. До тогаш, Барселона ќе мора да се справува со интензивниот распоред без двајца од своите стандардни играчи за врска. Отсутноста на Де Јонг дополнително ја комплицира ситуацијата во време кога се решава сезоната и секој бод и секој европски дуел се од исклучително значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анализата потврди: ВАР седум пати грешел во корист на Арсенал

Податоците кои ги забележа панелот за клучни спорни ситуации на натпреварите во Премиер ли…