Дома Фудбал Барселона потврди за Де Јонг – ситуацијата е посложена

Барселона потврди за Де Јонг – ситуацијата е посложена

Од Барселона потврдија за повредата на Френки де Јонг, но се покажа дека работите се малку посериозни од очекуваното. Станува збор за повреда на десната лист на ногата, добиена за време на тренингот во четвртокот наутро.

Првичните прогнози беа дека играчот од средината ќе ги пропушти натпреварите во наредните 3-4 седмици, но сега се зборува за 5-6 седмици.

Ова е сериозен удар за Каталонците, бидејќи досега во сезоната Де Јонг учествувал во 31 натпревар, во кои направил седум асистенции и постигнал еден гол.

Обично Холанѓанецот е втор капитен, но најчесто ја носи капитенската лента бидејќи основниот капитен Роналд Араухо ретко игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …