
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави официјалните финансиски извештаи за сезоната 2024/25. Не изненадува што токму Челси е клубот со најголема загуба.
Во извештајот на УЕФА се истакнати десет клубови кои минатата сезона оствариле најголеми загуби, од кои дури пет се од Англија.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Челси е на врвот на оваа листа со вкупна загуба од 342 милиони фунти!
Тоа претставува рекорд за некој англиски клуб. Сепак, треба да се напомене дека Челси ја заврши сезоната со победа на Светското клупско првенство, што донекаде ја ублажи нивната финансиска состојба со значителна награда.
И покрај тоа, нема да има санкции ни од УЕФА ни од Премиер лигата, бидејќи Челси не го надмина дозволениот лимит за тригодишниот период на пресметка.
Голема загуба забележа и Тотенхем – 124 милиони фунти.
Освен Челси и Тотенхем, на листата со најголеми загуби се наоѓаат и Манчестер Сити, Астон Вила и Нотингем Форест.