Дома Фудбал Гризман го напушта Атлетико и нема да се бори за Купот и Лигата на шампионите

Гризман го напушта Атлетико и нема да се бори за Купот и Лигата на шампионите

Антоан Гризман е на чекор до заминување од Атлетико Мадрид! Иако веќе пишувавме за ова, минатата ноќ бомбастичната вест за моментално заминување ја лансираше новинарот Ману Карењо кој на социјалната мрежа „X“ има скоро 350.000 следбеници.

Тој тврди дека Гризман ги договорил сите услови со Орландо Сити и дека ќе се пресели во МЛС пред крајот на трансфер периодот, односно почетокот на март.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Гризман ќе му биде на располагање на Диего Симеоне за дуелот со Барселона во реванш полуфиналето на Купот на кралот следната недела на „Камп Ноу“, а потоа од домашните навивачи ќе се прости на 7 март против Реал Сосиедад.

Останува малку нејасно зошто Гризман одлучи да си замине токму сега, кога Атлетико е главен фаворит за трофејот во Купот на кралот и оти во петок ќе го добие Тотенхем или Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Орландо му понуди на Гризман договор на три години, и секако улогата на првата ѕвезда, затоа што во тимот речиси нема особено познати играчи.

Навивачите и новинарите во Мадрид се прашуваат што толку му значат на Гризман тие три месеци во Америка, во период кога Атлетико игра клучни натпревари сезонава…

За сето да биде уште поверодостојно, веродостојниот новинар Карењо ја објави оваа вест во живо во програмата на емисијата “El Larguero”, како што можете да видите во прилогот.

Не е потребно да ве потсетуваме колку Гризман и понатаму е значаен за Дијего Симеоне, дека е легенда на клубот, иако замина во 2019 во Барселона, се врати во 2021. Сепак, во март полни 35 години и очигледно чувствува дека му е време за заминување во MLS.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се бори за своето место на “Олд Трафорд”

Андре Онана сака да се докаже во Манчестер Јунајтед. Летово ќе се врати на “Олд Трафорд” п…