Дома Фудбал Видео: Дали Јувентус е оштетен со црвениот картон? УЕФА ја појасни ситуацијата

Видео: Дали Јувентус е оштетен со црвениот картон? УЕФА ја појасни ситуацијата

ЈУВЕНТУС ја заврши својата приказна во Лигата на шампионите поради елиминацијата од Галатасарај во плејофот за осмина финалето. По убедливата победа на Галатасарај со 5:2 во Истанбул, изгледаше дека турскиот тим нема за што да се грижи, особено кога Јувентус остана со играч помалку во 48. минута. Сепак, Старата дама приреди една од највозбудливите партии сезонава, постигнувајќи два гола со десет играчи во последните моменти и изборувајќи продолженија, пред Галатасарај конечно да ја заврши приказната во дополнителните 30 минути и да осигура пласман.

Контроверзното исклучување

На таа средба, одбранбениот играч на Јувентус, Лојд Кели, доби директен црвен картон на почетокот на второто полувреме од Лигата на шампионите против Галатасарај, за, како што беше објаснето, загрозување на безбедноста на противничкиот играч. Инцидентот се случи во 48. минута од плејоф-реваншот, кога Бјанконерите водеа со 1:0, но им беа потребни уште два гола за да го преземачат поразот од 5:2 од првиот натпревар во Турција, известува Football Italia.

Зошто Кели беше исклучен?

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Англискиот одбранбен играч влезе во воздушен дуел со Алпер Јилмаз и при скокот, изгледаше случајно, му застана на глуждот. На Кели, кој веќе имаше жолт картон, првин му беше покажан втор жолт. Меѓутоа, португалскиот арбитер Пињеиро беше повикан да ја прегледа снимката на мониторот крај теренот, по што ја промени својата одлука и покажа директен црвен картон, што предизвика гнев кај тренерот Лучијано Спалети и играчите на Јувентус. Видео можете да погледнете ТУКА.

Објаснување од УЕФА

УЕФА подоцна ги објасни причините за својата одлука. “Играчот на Јувентус со број 6 со копачките оствари силен, нерегуларен контакт со левиот глужд на противничкиот играч, со што сериозно ја загрози неговата безбедност”, се наведува во соопштението. Кели гневно го напушти теренот и на својот пат кон тунелот со ногата удри во зидот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…