
Реал Мадрид ја совлада Бенфика (2:1) во домашниот реванш на плејофот за осминафиналето од Лигата на шампионите, со што се пласираше понатаму со вкупен резултат од 3:1. Вниманието пред почетокот на натпреварот го привлече една несекојдневна сцена. Камерата, при прелетување на трибините на Бернабеу преполни со навивачи на Реал, забележа еден од нив како повеќепати упатува нацистички поздрав гледајќи во објективот.
Клубското обезбедување веднаш реагираше, го лоцираше и идентификуваше навивачот и веднаш го отстрани од трибините. По полноќ, Реал на своите социјални мрежи објави: „Итно побаравме од Дисциплинската комисија на клубот да започне постапка за исклучување на членот кој беше фатен на телевизиските камери додека на трибините на нашиот стадион во моментите пред почетокот на натпреварот против Бенфика изведува нацистички поздрав.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Клубското обезбедување го идентификуваше осомничениот веднаш по прикажувањето во преносот и истиот беше веднаш отстранет од стадионот Сантијаго Бернабеу. Реал Мадрид ги осудува ваквите гестови и изрази кои поттикнуваат насилство и омраза во спортот и општеството.”