
Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Лигата на шампионите против Галатасарај, откако успеаја да ја поништат негативата од 5:2 од првиот натпревар, но на крајот беа елиминирани од ова елитно натпреварување.
Вечерва, Старата дама ги пречека шампионите на Турција на домашниот Алјанц стадион, каде победата од 3:0 по регуларните 90 минути не беше доволна за да поминат понатаму. По продолженијата, турскиот шампион напредуваше благодарение на головите на Осимен и Јилмаз.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Јувентус поведе во 37-та минута во Торино, кога Мануел Локатели постигна погодок од пенал, а вистинската драма започна во второто полувреме.
Несреќниот Лојд Кели во 48-та минута доби директен црвен картон откако несмотрено нагази на ногата на противничкиот играч, оставајќи го Јуве со десет играчи на теренот. Сепак, тимот остана доминантен на теренот.
Одличната игра резултираше со втор гол во 70-та минута, кога по асистенција на Калулу, Гати реализираше за 2:0, што значеше дека на Галата и претстои вистински пекол во последните 20 минути.
Во 77-та минута, Турам го заобиколи голманот на Галатасарај, но потоа пропушти да ја вжешти мрежата за потполна еуфорија на Алјанц стадионот.
Само две минути подоцна, стативата ги спаси Галатасарај откако ударот на Кенан Јилдиз беше блокиран.
Галата веќе немаше спас во 82-та минута, кога Вестон МекКени по една хаотична ситуација во шеснаесетникот успеа да тресне во мрежата на Турците за големите 3:0!
Следуваа продолженија, а во нив јунак за Галата стана Осимен со гол во 101-ва минута. Конечните 3:2 вечерва, а вкупно 7:5, ги постави Барис Алпер Јилмаз во 119-та минута.
Галатасарај со вкупен резултат од 7:5 се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Јувентус го заврши својот настап.
Но при резултат 3-0 и пред Осимен да погоди за 3-1, Жегрова кој влезе како резерва имаше речиси празен гол пред себе, меѓутоа не погоди, а набрзо потоа стигна казната.Една уникатна промашена шанса од Едон Жегрова pic.twitter.com/Bq6Lfplv8C
— Goals Xtra (@GoalsXtra) 25 февруари 2026