
Волкер Штрут, агентот на познатиот германски фудбалер Флоријан Виерц, откри дека неговата најголема желба беше неговиот клиент летоска да премине од Бајер Леверкузен во Реал Мадрид и со тоа во врска контактираше со претставниците на кралскиот клуб, меѓутоа, другата страна очигледно не беше заинтересирана.
Талентираниот германски фудбалер на почетокот на јули премина од Бајер во Ливерпул за обештетување од неверојатни 125 милиони евра, но желбата на неговиот агент била наместо во градот на Битлси, да потпише за најголемиот клуб во светот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
“Во периодот кога се разговараше за преминување во Ливерпул или Бајерн, го повикав Чаби Алонсо и му реков: “Мораш да го земеш момчето од Леверкузен со тебе во Реал”. Чаби одговори: “Не треба тоа да го кажеш мене, треба да му го кажеш на Флорентино Перез (претседателот на Реал Мадрид)”, започна разговор за “Bild” менаџерот на познатиот германски фудбалер.
По тоа, лично го контактираше првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез, испраќајќи му следна порака:
“Драг Флорентино, многу пати сум ви рекол: тука имам играч кој би ви го препорачал топло. Флоријан Виерц го подобрува секој тим во светот”, беа зборовите упатени на Перез, но не дојде до договор и Виерц се најде во Ливерпул.