Дома Фудбал Арсенал го „заврши“ првиот летен трансфер за 52.000.000 евра

Арсенал го „заврши“ првиот летен трансфер за 52.000.000 евра

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) и официјално ќе стане играч на „топџиите“, пренесуваат англиските медиуми.

Еквадорскиот дефанзивец минатото лето пристигна во Лондон на позајмица од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, докажа дека вреди и Арсенал ќе го откупи кога ќе започне следниот преоден рок за цена од 52.000.000 евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Инкапие е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во одбранбената линија, а Артета оваа сезона најмногу го користи на позицијата лев бек.

Ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафјори беше повреден, се наметна во првите 11, а за викендот доби предност во однос на опоравениот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.

Како дел од договорот за позајмица, веќе е усогласен петгодишен договор што Инкапие ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10% од можен идни трансфер.

Овој фудбалер сега се надева дека на титулата шампион на Бундеслигата, која ја освои со Леверкузен пред две години, ќе ја додаде и титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На водителка ѝ забранија да носи чизми – интервју на Руни му правеше боса! (Видео)

Водителката на Прајм Видео, Алекс Алџо, се најде во необична ситуација пред натпреварот од…