Дома Фудбал Остра порака од Бенфика пред мечот во Мадрид: Реал е гигант, но судијата…

Остра порака од Бенфика пред мечот во Мадрид: Реал е гигант, но судијата…

Последните четири реванш двојки од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат вечерва, а многу страсти би можеле да се запалат во дуелот помеѓу Реал Мадрид и Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот натпревар во Лисабон заврши со резултат 1:0 за Реал, но со многу тензии.

Винисиус ги провоцираше навивачите на Бенфика, потоа навивачите го навредуваа Винисиус на расна основа, па мечот беше кратко прекинат.

На крајот Жозе Мурињо доби црвен картон поради приговори на судиите.

Многу тензии се подигаат и пред реваншот, а Мурињо не беше на прес-конференцијата пред натпреварот.

На прес-конференцијата од Бенфика беше присутен помошниот тренер Жоао Тралхао.

„Очекувам фер судење, мислам дека тоа е јасно на сите,” изјави Тралхао и додаде:

„Поинаку очекувавме на домашен терен и мислам дека во Мадрид ќе биде многу подобро. Реал е великан, но судијата треба да ги почитува и двата тима.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафаел Леао беше понуден на Тотенхем

Португалското крило на Милан Рафаел Леао беше понуден на Тотенхем, но клубот под водство н…