Дома Фудбал Навивачите на Реал Мадрид го проколнуваат Хаби Алонсо! Се дозна вистината за повредата на Мбапе

Навивачите на Реал Мадрид го проколнуваат Хаби Алонсо! Се дозна вистината за повредата на Мбапе

Реал Мадрид утре игра на свој терен реванш натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против Бенфика, а како што стојат работите, Алваро Арбелоа нема да може да смета на Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот напаѓач вечерва порано го заврши тренингот затоа што се пожали на болка во коленото кое го мачи веќе неколку месеци.

Информациите кои пристигаат од Мадрид говорат дека Мбапе речиси сигурно ќе го пропушти утрешниот натпревар од Лигата на шампионите што ќе биде голем удар за Реал.

Меѓутоа, натпреварот со Бенфика се чини не е единствениот што е под знак прашање за францускиот репрезентативец.

Се наведува дека тој ќе пропушти најмалку три натпревари на Реал Мадрид, и дека дури е прашање дали ќе биде подготвен за осминафиналето на Лигата на шампионите, доколку Кралевите успеат да се пласираат понатаму.

Но, она што предизвика гнев кај навивачите на Реал е информацијата која ја објави угледниот L’Equipe.

Францускиот весник објави вистината околу повредата на Мбапе, а дека сето започнало крајот на декември кога го повредил коленото. Тогашниот преглед покажал дека има ‘оштетен’ еден лигамент на коленото поради што му се препорачуваше пауза од најмалку три месеци.

Сепак, Мбапе се врати на тренинг во Реал Мадрид по само 11 дена и сакаше да биде подготвен за шпанскиот Суперкуп, па играше во финалето против Барселона.

L’Equipe наведува дека главниот виновник за прераното враќање на Мбапе е Хаби Алонсо, и дека тој го наговорил Французинот порано да почне со тренинзи, што очигледно беше голема грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…