Дома Фудбал Само што стигна на позајмица во Барса, а тие веќе одлучиле дали ќе остане

Само што стигна на позајмица во Барса, а тие веќе одлучиле дали ќе остане

Кансело во текот на зимскиот трансфер период одлучи да го напушти Ал Хилал каде што не се сложуваше со тренерот Симоне Инзаги кој комплетно го исклучи од тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот реши да се врати во Европа и имаше неколку понуди, но кога Барселона тропна на неговата врата повеќе немаше дилеми.

Кансело беше во Барселона и во сезоната 2023/24 исто така на позајмица, но тогаш Каталонците немаа пари за да го откупат неговиот договор од Манчестер Сити, па тој заврши во Саудиска Арабија.

Тогаш,Португалецот остави добар впечаток во Барселона и не беше дилема за нив да го вратат повторно во клубот кога се отвори можноста.

Кансело договори позајмица до крајот на сезоната, но овој пат Барселона ќе има шанса да го задржи без плаќање никаква отштета со оглед на тоа дека неговиот договор со Ал Хилал истекува на крајот на јуни.

Иако Кансело само што дојде во Барселона и одигра неколку натпревари, во овој клуб веќе донесоа одлука за неговата иднина.

Ханси Флик и друштвото се задоволни со игрите што ги дава Кансело, а посебно блескаше минатиот викенд во победата над Леванте кога беше прогласен за играч на натпреварот.

Тие денес имаа состанок со Кансело на кој му рекоа дека сигурно ќе добие договор ако продолжи со такви игри и дека сѐ е во негови раце до крајот на позајмицата.

Исто така, условите кои ги постави за новиот договор врзани со финансии, исто така, ѝ одговараат на Барселона, а тој дополнително ги намали само за да покаже колку сака да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…