Дома Фудбал Распад систем во Партизан: Клубот нема пари за плати – може да претрпи тежок удар од УЕФА!

Распад систем во Партизан: Клубот нема пари за плати – може да претрпи тежок удар од УЕФА!

Фудбалскиот клуб Партизан од Белград се наоѓа во длабока кризна состојба поради сериозни финансиски проблеми, при што клубот речиси нема пари дури ни за основните трошоци, како што се платите на вработените и играчите.

Следниот месец клубот е подложен на финансиска инспекција од УЕФА, што може дополнително да ја влоши ситуацијата. Според Блиц, Партизан нема средства за исплаќање на плати и покривање на тековни трошоци.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Спортскиот директор Предраг Мијатовиќ е изложен на критики од јавноста за тешката ситуација во клубот, додека расулото се одразува и на спортските резултати.

По серијата слаби резултати, Партизан одлучи да го смени тренерот Ненад Стојаковиќ, а привремено беа поставени на чело Дамир Чакар и Ѓорѓије Ќетковиќ.

Оваа промена тешко ќе ги реши длабоките проблеми во клубот, бидејќи управата не успеа да го обнови авторитетот на стручниот штаб, што дополнително ја нарушува атмосферата меѓу играчите и во соблекувалната.

Покрај финансиските проблеми, во клубот постојат и меѓусебни конфликти и несогласувања, кои се одразуваат на играта на теренот, каде што играчите изгледаат без енергија и јасна идеја.

Во оваа ситуација, по 24 кола од српското првенство, Партизан е на второ место со четири бода помалку од Црвена звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Флик нема шега – вовел најголеми казни во историјата на Барселона!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја имплементираше најновата и исклучително строга мерка…