
Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дописи со УЕФА за можни натпревари во македонскиот фудбал, станува збор за дуели од Првата и Втората лига, како и една пријателска средба.
Три натпревари има на Башкими и тоа против Шкендија кој го загубија со 3-1 на домашен терен (ПМФЛ), дуелот против Струга исто така од ПМФЛ кој заврши со 6-0 за стружани и дуелот од ВМФЛ минатата година помеѓу Башкими и Вардар Неготино.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Сомнежи ипостојат уште за два натпревари на Охрид, против Тетекс одигран минатата година во кој охриѓани побеидија со 4-3 и пријателскиот неодамна во кој Работнички славеше со 8-2.
„Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.
Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.
Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.
Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување“, истакнуваат од ФФМ.
Во соопштението од федерацијата потсетуваат и дека во тек е судска постапка за натпреварот помеѓу Кожуф и Башкими за кој претходно веќе имаше одредени санкции и суспензии.