
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно го собори клубскиот рекорд со неговото учество во вчерашната победа од 3:0 против Леванте.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од шпанскиот шампион потврдија дека токму оваа победа била под број 100 за Јамал со дресот на првиот тим на клубот. Така, со 18 години и 224 дена, тој стана најмладиот играч кој достигнал толкав број победи за Барселона.
Досега ова достигнување му припаѓаше на Бојан Кркиќ, кој го забележал на 20 години и 128 дена, додека топ 3 во оваа листа е дополнета и од Лионел Меси, кој ја достигнал таа бројка на 21 година.
Јамал стигна до победа бр. 100 во 139 натпревари за Барса, при што има регистрирано и 16 нерешени и 23 порази. Во овие натпревари, шпанското крило забележал 40 голови и 48 асистенции. Покрај него, со најмалку 100 победи за каталонците, во актуелниот состав се уште и Френки де Јонг (185 победи), Педри (152), Роналд Араухо (131), Феран Торес (129), Жул Кунде (128), Роберт Левандовски (120), Рафинја (118), Алехандро Балде (109) и Ерик Гарсија (102).