
По неговата улога во потпишувањето на Џуд Белингем (22) и Килијан Мбапе (27), Винисиус Жуниор (25) продолжува да му асистира на претседателот на клубот, Флорентино Перез, во создавањето на тимот. Бразилскиот напаѓач сега се обидува да донесе уште еден нов играч во Реал, а тоа станува збор за Доминик Собослаи (25).
Според информациите на Defensa Central, Винисиус активно работи на трансферот на играчот од средниот ред на Ливерпул и унгарската репрезентација. Бразилскиот играч би сакал да ја дели соблекувалната со Собослаи и, со дозвола на клубот, веќе започна со првите чекори. За тоа колку Унгарецот го почитува Винисиус, сведочи фактот што понекогаш ги прославува головите на ист начин како него.
Тежок трансфер за реализација
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Во Реал Мадрид се свесни дека овој трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација. Собослаи е клучен играч во проектот на тренерот на Ливерпул Арне Слот и има договор со англискиот клуб до летото 2028 година. Во мадридскиот клуб сметаат дека операцијата за негово донесување во овој момент е речиси невозможна, особено затоа што ни самиот играч не го покажал јавно своето желба за заминување и започнување нова фаза во кариерата.