Дома Фудбал Гвардиола за расизмот: Наставниците и лекарите заслужуваат подобра плата

Гвардиола за расизмот: Наставниците и лекарите заслужуваат подобра плата

ПЕП ГВАРДИОЛА верува дека наставниците и лекарите треба да имаат значително повисоки примања како дел од напорите за подобрување на образованието на децата и решавање на проблемите со расизмот во општеството. Тренерот на Манчестер Сити го сподели своето мислење одговарајќи на прашање за честите расистички навреди насочени кон играчот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор.

Расизмот не е ограничен само на фудбалот

Гвардиола нагласи дека расизмот не е проблем кој се однесува само на фудбалот или на една земја. “Расизмот е присутен насекаде, не само во Шпанија, туку и во Англија, и секаде на околината. Проблемот е во тоа што луѓето веруваат дека нивната раса е надмоќна над другите, дека нивниот јазик е подобар, дека нивната култура е подобра. Ова се случува веќе многу долго време,” рече тој.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тој исто така истакна дека образованието е клучно за идните генерации. “Мораме да ја прифатиме различноста. Живееме во свет каде што миграциите се сѐ поголеми. Учениците и новите генерации се важни, а расизмот е насекаде присутен.”

Луѓето кои заслужуваат повисока плата се наставниците и лекарите. Тие се најважни за новите генерации. Наместо тоа, менаџерите, актерите и ние фудбалерите добиваме поголемо финансиско признание отколку нив,” заклучи шпанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Престијани призна дека го навредувал Винисиус!

Иако натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше одигран во вторник, настаните од таа ср…