Дома Фудбал Реал Мадрид за малку ќе потпише договор со фудбалерот кој го нападна Винисиус

Реал Мадрид за малку ќе потпише договор со фудбалерот кој го нападна Винисиус

Реал Мадрид бил многу блиску до потпис со младиот аргентински талент Џанлука Престијани во зимскиот преоден рок во 2023 година, пренесе бразилскиот медиум GeGlobo.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештајот, интерес за офанзивниот фудбалер покажале и од таборот на Барселона, кои исто така стапиле во контакт со неговиот агент. Во тој период Престијани настапувал за Велез Сарсфилд во аргентинската Примера дивизион и важел за еден од најперспективните млади играчи во Јужна Америка.

Мадридскиот гигант бил „многу блиску“ до реализација на трансферот, но на крајот договор не бил постигнат. Сепак, фактот што два европски гиганти како Реал и Барселона влегле во трка за неговиот потпис доволно говори за потенцијалот што го поседува аргентинскиот бисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата: Винисиус останува во Реал Мадрид до 2032 година

На денот кога Реал Мадрид го официјализираше доведувањето на Јан Диоманде, на преден план …