Дома Останати Кошарка Центарот на Лејкерс задржан на аеродромот на Бахамите – го „тресела“ полиција

Центарот на Лејкерс задржан на аеродромот на Бахамите – го „тресела“ полиција

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Деандре Ајтон, беше накратко задржан во вторникот на Меѓународниот аеродром на Бахамите поради сомнение дека поседувал мала количина на марихуана, изјавија за „Ројтерс“ неговиот адвокат и два извора запознаени со случајот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изворите навеле дека Ајтон, кој е роден на Бахамите, бил приведен и задржан откако кај него била најдена марихуана. Сепак, адвокатот на Ајтон, Девар Франсис, изјави за Ројтерс дека тој не бил уапсен, туку само кратко задржан пред да биде пуштен.

„Истражувачите утврдија дека малата количина на марихуана не се наоѓала во торбата на Деандре, но сепак спровеле истрага и тој брзо бил пуштен”, изјави Франсис.

Франсис додаде дека марихуаната се наоѓала во туѓа торба.

Кралските бахамски полициски сили и Лејкерси не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Иако на Бахамите се преземени чекори кон легализација на марихуаната во медицински цели, дрогата е сѐ уште нелегална.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…